Цукерберг: Мета ќе укине 10 илјади работни места

Компанијата „Мета“, која е сопственик на социјалните мрежи „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Ватсап“, објави дека ќе укине 10.000 работни места.

Оваа одлука доаѓа неколку месеци откако технолошкиот гигант отпушти 11.000 работници во ноември 2022 година.

Извршниот директор Марк Цукерберг  објави  дека овие намалувања се „тешки“ и дека се дел од, како што ја нарече „Година на ефикасност“.

Покрај отстранувањето на 10.000 работни места, 5.000 позиции ќе останат непополнети во компанијата.

Цукерберг  во писмо до персоналот, тимот за човечки ресурси ќе биде првиот што ќе биде погоден од овие кратења.

„Очекуваме да објавиме кратења на работните места на крајот на април 2023 година. Во некои групи, овие отпуштања ќе бидат завршени до крајот на годината“, се вели во неговото писмо.