ЦУК: Два „ер-трактори“ го гаснат пожарот во општина Долнени

 Два авиони „ер-трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување полетаа да дејствуваат на пожарот во Општина Долнени, кај селата Слепче и Гостиржани.

Како што информира Центарот за управување (ЦУК), пожарот е поделен во два крака кои се движат кон густа и уредена шума на велешка територија од едната страна и селото Црнилиште, Прилепско на другата страна.

Противпожарните тимови, некаде помогнати и од месното население, во текот на вчерашниот ден изгаснале 30 пожари, а шест сѐ уште се водат како активни. Во тек се активности за нивното контролирање, локализирање и догаснување.

Активните се три пожари во општина Битола. Тие се кај селата Црничани и Лознани, каде гори нискостеблеста вегетација и кај село Ивањевци, каде гори ниска вегетација. И во општина Прилеп има три активни пожари, кај селата Слепче, Долнени и Тројкрсти, каде гори ниска вегетација.