Од ЦУК вечерва информираат дека е добиена пријава за пожар зад Детската клиника Козле, при што гори ниска трева и грмушки.
-Од 112 во Центар за управување со кризи до Сектор за операции и координација е добиена пријава за пожар зад Детската клиника за белодробни заболување – Козле во Скопје. Гори ниска шума, трева и грмушки. Известени се и БППЗ Скопје и ОЦ СВР Скопје. пожарот е кај улица „Загребска“, 43, Скопје, информираат од ЦУК.
Исто така од Центарот информираат дека е добиена пријава за пожар на отворено на патот Берово кон Виница.
Инаку овој пожар од вчера беше изгасен но има внатрешно горење. ЈП Национални шуми подружница Пљачковица е терен и го набљудува истиот.