ЦУК: Краткотрајни прекини во снабдувањето со струја во повеќе делови на Скопје

 Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека утре поради планирани технички зафати на главниот далновод „Југ Нова“, ќе има краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија на територијата на Град Скопје, од 04:00 до 19:00 часот согласно информирањето на Електродистрибуција Скопје.

Прекините на електричната енергија ќе бидат во реонот на населбите Аеродром, Пролет, Мичурин, Кисела Вода, Припор, Пржино и Црниче.