ЦУК: Побарана воздушна поддршка за ставање под контрола на пожарот над Вешала што утрово зафати и букова шума

Центарот за управување со кризи соопшти дека од утрово е во комуникација со институциите и силите за гасење на пожарот над село Вешала во Општина Тетово што и утрово е се уште активен на недостапен терен. Заради засилувањето на топлиот ветер и огнот зафатена е букова шума.

-Утрово, во 06,55 часот екипа од 10 вработени (ренџери) во Националниот парк „Шар планина“ од Тетово отидени се на терен за гасење на пожарот. Од Националниот парк се бара и асистенција од другите надлежни институции што порано да се интервенира, заради тоа што ренџерите со грбни ПП прскалки („напртњачи“) не ќе можеле да го локализираат пожарот. Од терен е побарана итна воздушна поддршка заради неможноста пожарот да се стави под контрола, наведуваат од ЦУК.

Од ЦУК е побарана воздушна поддршка од ДЗС и МВР, а преку РЦУК Тетово е побарано од пожарникарите од ТППЕ Тетово да пратат камион со вода за ренџерите да имаат повеќе вода за интервенција