ЦУНАМИ КАЈ НАЈГОЛЕМАТА НУКЛЕАРНА централа ВО СВЕТОТ: Јапонија ја погодија уште 2 силни земјотреси, Русите наредија итна евакуација на населението (ВИДЕО)

Јапонските власти формираа кризен штаб за нуклеарните централи по серијата земјотреси што ја погодија префектурата Ишикава.

Досега не е евидентирана вонредна состојба во нуклеарните постројки.

Закана од цунами беше издадена за целиот западен брег на Јапонија од северниот остров Хокаидо до јужниот дел на Кјушу, а голема закана од цунами беше прогласена во областа на префектурата Ишикава по серијата силни земјотреси.

Цунамито е забележано во близина на најголемата нуклеарна централа во светот Кашивазаки-Карива, а висината на бранот била околу половина метар.

Серија силни земјотреси се случија во понеделникот попладне по локално време во западна Јапонија. Првите земјотреси со јачина од 5,7 степени се регистрирани во 16 часот и 6 минути по локално време, вториот и најсилен со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала се случи во 16 часот и 10 минути, а осум минути подоцна е забележан земјотрес со јачина од 6,1 степени.

Серија нови земјотреси ја погодија префектурата Ишикава помалку од еден час по првите силни потреси. Земјотреси со јачина од 4,9 и 5,2 степени се регистрирани во 17 часот и 20 минути и 17 часот и 7 минути.

Силни потреси се почувствувани во Осака, Кјото и Токио. Запрено е движењето на брзите возови. Повеќе од 32.500 домови се без струја по серијата силни земјотреси што ја погодија јапонската префектура Ишикава.

ЕВАКУАЦИЈА ВО РУСИЈА

Прогласена е и закана од цунами на Сахалин.

– Делови од западниот брег на Сахалин може да бидат погодени од цунами – соопштија од регионалниот штаб на руското Министерство за вонредни ситуации.

Населението е евакуирано на безбедни места додека бродовите во пристаништата излегуваат на море. Властите ги повикаа жителите на крајбрежниот дел на Татарскиот теснец да се засолнат на височини од најмалку 30-40 метри и да се вратат само кога ќе се укине предупредувањето за цунами.