Часовник кој чини колку стан во Скопје, а сандалите се брутални: Стајлингот на Јелена Ѓоковиќ, за кој и Карлеуша би ѝ рекла браво (фото)

Сопругата на тенисерот Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ, во последните неколку години стана вистинска модна инспирација за жените ширум светот.

Иако пред извесно време нејзиниот стајлинг беше често критикуван од многумина, се чини дека Јелена сериозно работела на тој сегмент и сега е во центарот на вниманието на модните критичари, но овојпат често имаат само пофални зборови за неа.

Овојпат таа го придружуваше Новак на патот за Црна Гора каде заедно уживаа во Портоново. Додека Новак тренираше, Јелена го следеше од трибините, а по тренингот се симна на теренот и се сликаше со сопругот и неговите колеги – тенисери.

Една фотографија на социјалните мрежи објави Јанко Типсаревиќ, а благодарение на неа можевме да го видиме новиот стајлинг на убавата Јелена и – се воодушевивме.

Јелена успеала да постигне вистински летен изглед со шарен цветен фустан, со отворен грб, кој одлично го искомбинирала со сандали на Диор, кои според српски ,,Блиц” чинат 1.200 евра. Тие се многу едноставни, удобни и се незаменлив дел од секој летен аутфит.

На нејзината рака блескаше скап часовник, а околу вратот имаше прекрасно, многу едноставно, но ефективно ланче со натпис „Amour“. На целата комбинација шмек на елеганција и даде сламен шешир во беж боја, кој освен што штити од сонце, направи Јелена да изгледа како светска ѕвезда.

Напредокот на Јелена во облекувањето е видлив во последните неколку години, па не е чудно што уредничката на познатиот моден магазин, Ана Винтур, е воодушевена од некои стајлинзи на Јелена.

Во следната галерија погледнете во какви изданија имавме можност да ја видиме.