Челзи нуди 80 милиони евра за Влаховиќ

– Лондонски Челзи сака ова лето да го донесе во своите редови напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, и за услугите на српските репрезентативец е подготвен да плати 80 милиони евра.

Влаховиќ минатиот јануари прејде од Фиорентина во Јувентус за 81.6 милиони евра и договорот со клубот од Торино го врзува во следните три години.

Србинот постигна 23 голови на 62 натпревари во сите конкуренции, но не добива постојано шанса од тренерот Масимилијано Алегри.

За поранешниот фудбалер на Партизан заинтересирани се и Баерн Минхен и Атлетико Мадрид.