ЧЕТИРИ МЕТРА ДОЛГА АЈКУЛА НАПАДНА ТАТКО НА ДВЕ ДЕЦА: „Никогаш не сум видел такво нешто!“

Постои опасност да ги загуби двете нозе.

Австралискиот сурфер Тоби Бег (44) е во критична состојба и се бори за живот откако во петокот беше нападнат од голема бела ајкула кај Порт Мекквари во Нов Јужен Велс.

Локалните медиуми објавија дека бруталниот напад од ајкула долга над четири метри ќе го убиел на лице место доколку неговите колеги сурфери веднаш не му ја врзеле ногата која обилно крварела.

– Никогаш не сум видел нешто слично – изјавил еден од сведоците за австралиските медиуми, додавајќи дека сурферот се борел во вода повеќе од триесет секунди, бидејќи ајкулата не се откажала од нападот, пренесуваат медиумите.

Дури кога Бег, татко на две деца, исплива на брегот, ја сфати сериозноста на повредите и количината на крв што ја изгуби.

– Стапалото му е скинато, а крвави рани има насекаде – изјави сведокот.

Брза помош брзо го превезе во локалната болница.

Бег е во критична состојба, а полицијата по инцидентот ја затвори плажата „Лајтхаус“ и полета со дрон за да го надгледува брегот и да ја пронајде морска кралица, но досега не успеа.

Интересно е што, штом пристапот до плажата беше дозволен по 24 часа, сурферите и покрај се лежерно се вратија во морето.

Еден телевизиски канал од Австралија објави две страшни фотографии, направени пред и по нападот .

Професионален фотограф ги снимал сурферите во вода и случајно го фатил моментот пред самиот напад .

На фотографијата се гледаат Бег и пријател како збунето зјапаат во голема темна точка во водата која им се приближува.

На друга фотографија се гледа даската за сурфање на Бег, изџвакана од ајкулата додека го нападнала и гризнала.

Братот на Бег ги контактирал медиумите од болницата и по 24 часа изјавил дека сурферот ја изгубил едната нога, а најверојатно ќе ја изгуби и другата, но дека сè оди на подобро и дека му претстојат бројни операции и години рехабилитација.

Австралија е втора на неславната листа на земји со најмногу напади од големи бели ајкули, веднаш зад САД, и тие се главно случајни.

Минатата година, само во Нов Јужен Велс беа регистрирани десет напади од големи бели ајкули, што резултираше со седум сериозни повреди и еден смртен случај.