Пдржувањеро на доброто здравје на цревата е исклучително важно. Со воведување здрави промени во вашата секојдневна исхрана, тоа е можно. Нутриционистката Марина Рајт состави листа на намирници кои ја поддржуваат виталноста на цревата и го олеснуваат варењето.
Супа од коски
Супата од коски е богата со амино киселина наречена глутаминска киселина, која промовира полесно варење. Помага и за одржување на функцијата на цревниот ѕид.
Ѓумбир
Ѓумбирот е познат по своите својства кои промовираат полесно варење на храната, што резултира со намалување на проблемите како што се запек и надуеност.
Ферментирана храна
Ферментираната храна, како што се кисела зелка и кефир, помагаат во зајакнување на цревниот микробиом. Покрај тоа, го подобрува варењето и го зајакнува имунитетот.
Зелени банани
Зелените банани се богати со отпорен скроб и можат да го регулираат шеќерот во крвта. Тие, исто така, ја подобруваат чувствителноста на инсулин, објасни нутриционист за Hindustan Times.
Ова е список на намирници кои, според нутриционистите, треба да ги вклучиме во секојдневната исхрана за да го одржиме доброто здравје на цревата. Јадењето на оваа храна може да ја поддржи виталноста на цревата, да промовира полесно варење и да придонесе за севкупно подобрување на здравјето на цревата.