ЧИНИ 25 МИЛИОНИ ЕВРА- Својот успех во Турција Икарди го одбележа со купување НАЈСКАПИОТ АВТОМОБИЛ НА СВЕТОТ (ФОТО)
Аргентинскиот фудбалер Мауро Икарди реши да ја одбележи освојувањето на титулата турски шампион со купување на најскапиот автомобил на светот.
Икарди (30) оваа сезона ја мина на позајмица во Галатасарај од ПСЖ и тоа го направи на најдобар можен начин. Тој постигна 21 гол и е најзаслужен што титулата турски првак по четири години му се врати во рацете на славниот Галатасарај.
Веднаш по освојувањето на титулата, Икарди реши да се почести со купување на автомобил. Поради купениот автомобил се најде во центарот на вниманието на сите светски медиуми бидејќи се работи за автомобил кој важи за најскап на светот.
Според шпанскиот AS, Икарди купил неверојатно редок Rolls Royce Boat Tail.
Постојат само три такви суперавтомобили во светот, и секој од нив е лично приспособен. Неговата цена е околу 25 милиони евра.
Цената на овој автомобил е висока поради 1.813 ексклузивни делови од кои е направен, вклучувајќи го и атмосферскиот 6,5-литарски V-12 мотор.
Автомобилот, чија внатрешност наликува на јахта, има целосно пренослива кујна за да можете да јадете во движење кога и да посакате. Претходно се шпекулираше дека Џеј Зи и Бијонсе поседуваат Rolls Royce Boat Tail.
Кога станува збор за неговата фудбалска кариера, Икарди според неговиот договор на почетокот на јули се враќа во ПСЖ. Сепак, тешко е да се очекува дека и следната сезона ќе остане во парискиот клуб.