Кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг, на вчерашната средба со колегите од земјите членки на Шангајска организација за соработка (СЦО) што се одржа во Индија, истакна дека Пекинг ќе ги продлабочи билатералните односи со Русија и со Индија.
Тој вети дека нивната ќе се зајакнува нивната координација и соработка.
Чин на маргините на СЦО се сретна со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров при што истакна дека Кина е „подготвена да одржува комуникација и координација со Русија за да даде опиплив придонес за политичкото решавање на кризата во Украина.
– Двете страни, исто така, се согласија да ја зајакнат комуникацијата и координацијата со другите земји-членки на СЦО и да го задржат „единството“ на блокот. Тие, исто така, се согласија да ја зајакнат координацијата во азиско-пацифичкиот регион, се наведува во денешното соопштение на кинеското МНР, без да се прецизираат детали.
Во моментов, блокот ги вклучува Русија, Индија, Кина, Пакистан и четири централноазиски земји – Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан.
Иран и Белорусија се очекува да бидат примени во СЦО на Самитот во Њу Делхи што треба да се одржи во јули.
Чин на средбата со индискиот министер за надворешни работи Субрахмањам Џаишанкар, посочи дека Кина е подготвена да ја продлабочи „координацијата и соработката“ за меѓународни и регионални прашања со Индија и да ги врати врските на „здрав“ развојен пат.
Односите помеѓу Кина и Индија се влошија во 2020 година, кога нивните војници се судрија на спорната граница на Хималаите, при што загинаа 24 лица. Минатиот месец, Пекинг објави мапа на која се гледа Аруначал Прадеш, за кој Индија тврди дека е дел од Тибет, што го налути Њу Делхи.
Според Чин ситуацијата на границата е „генерално стабилна“.
– Треба да извлечеме искуство и лекции од историјата, да ги разбереме билатералните односи од стратешка височина и долгорочна перспектива, да се почитуваме, да учиме еден од друг и да постигнеме заеднички успех, наведе Чин на средбата со Џаишанкар.
Пекинг се обидува да одржува стабилни односи со земјите во регионот, додека врските со Западот, особено со Вашингтон, сè уште се тензични.
САД долго време ја повикаа Кина да помогне во решавањето на војната во Украина, иако Пекинг одбива да ги осуди воените потези на Русија како инвазија. Значајно е што минатата недела кинескиот претседател Си Џинпинг првпат директно разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
СЦО е меѓувладина организација формирана во Шангај на 15 јуни 2001 година и во моментот има осум земји-членки (Кина, Индија, Казахстан, Киргистан, Русија, Пакистан, Таџикистан и Узбекистан), четири земји набљудувачи заинтересирани за пристапување кон полноправно членство (Авганистан, Белорусија, Иран и Монголија) и шест „Партнери за дијалог“ (Ерменија, Азербејџан, Камбоџа, Непал, Шри Ланка и Турција). Во 2021 година беше донесена одлука да започне процесот на пристапување на Иран во СЦО како полноправна членка, а Египет, Катар како и Саудиска Арабија станаа Партнери за дијалог.