„Членството во ЕУ останува приоритет“, рече премиерката Брнабиќ по средбата со норвешката министерка

Премиерот го запозна соговорникот со проблемите со кои се соочуваат Србите на Косово и Метохија и посочи дека целосното почитување на Договорот од Брисел и формирањето на Заедницата на српските општини е единствениот начин за продолжување и напредок во процесот на нормализација.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, во разговор со државниот секретар на МНР на Норвешка, Ивинд Вада Петерсон истакна дека членството на Србија во ЕУ останува приоритет на надворешната политика и стратешката определба на земјата, а изрази благодарност до Норвешка за поддршката на тој пат.

Норвешка, како што се наведува, дава помош во делот на усогласување на стандардите и регулативите со Унијата во делот на владеење на правото, реформите на државната администрација, конкурентноста, енергетската ефикасност, животната средина и климатските промени, соопшти Владата на Република Србија.

Премиерот го запозна соговорникот со проблемите со кои се соочуваат Србите на Косово и Метохија и посочи дека целосното почитување на Договорот од Брисел и формирањето на Заедницата на српските општини е единствениот начин за продолжување и напредок во процесот на нормализација. Таа го истакна значењето на партнерството со Норвешка и изрази благодарност за блиската соработка на полето на економијата, европските интеграции и особено енергетскиот сектор.

Таа особено се заблагодари за стручната помош што Норвешка и’ ја пружи на Србија по двете трагедии на почетокот на мај.

Петерсон заклучи дека Србија има стабилен партнер во Норвешка, кој секогаш ќе биде достапен за секаков вид помош и соработка.