ЧОВЕКОТ КОЈ ГО НАДМИНА И ТЕРМИНАТОРОТ: Беше најсилниот на планетата, а сега не може сам да оди! Потрошил МИЛИОНИ на лекување!

Рони Колман (57) е синоним за бодибилдинг.

Осум пати беше „Мистер Олимпија“ (најпрестижната награда во овој спорт), односно беше прогласен за најдобро граден човек на светот, го надмина Арнолд Шварценегер на вечната листа на „Терминатори“, но неговиот животен стил го доведе до точка што денес не може самостојно да оди.

Стероиди, други супстанции, несоодветна исхрана… сето тоа доведе до големи здравствени проблеми.

Колман со години се бореше со болки во коленото. Имаше три операции и потроши околу два милиони долари, но не вредеше.

Некое време не можел ни да застане на нозе.

– Операциите не поминаа како што треба. Не ми е лесно, секој е тежок и чини околу половина милион долари и се уште не можам да станам. Но, нема да се предадам, ќе се борам со вашата поддршка – откри еднаш Колман.

Не се откажа целосно од теретаната и покрај сите предупредувања на докторот.

Неодамна одлучил да се обиде со третман со матични клетки. Имаше неколку третмани и вели дека неговата состојба значително се подобрила.