ЧОВЕКОТ НА ЗВИЦЕР УАПСЕН ВО МОСКВА! Црногорец (36) „паднал“ во руската престолнина, еве зошто Русите му ставиле лисици
Руската полиција во Москва го уапси 36-годишниот црногорски државјанин Дражен М, по кого преку Интерпол е распишана меѓународна потерница за шверц на дрога.
Уапсен е роднината на човекот кој беше високо во хиарархијата на црногорското МВР, кој наводно бил поврзан со водачот на Кавачкиот клан, Радоје Звицер.
- Денеска во Москва, службеници на НЦБ Интерпол, Министерството за внатрешни работи на Русија и Главната управа за криминални истраги на Министерството за внатрешни работи на Русија, го лишиле од слобода 36-годишниот државјанин на Црна Гора, Дражен М. Осомничениот беше ставен на меѓународна потерница на иницијатива на органите на прогонот на Црна Гора во март 2023 година како дел од организирана група – беше објавено во прес-центарот на руското Министерство за внатрешни работи.
Во декември 2019 година, уапсениот нелегално набавил кокаин за продажба на подрачјето на општина Никшиќ, а потоа робата ја пренасочил во Босна и Херцеговина, пишува ТАСС.
Во моментов се решава прашањето за неговата екстрадиција – беше речено за време на конференцијата.
Како што претходно напиша „Вијести“, Дражен М. наводно е роднина на бегалец на полициската управа на Црна Гора.
Вишиот суд во Подгорица на крајот на мај потврди дел од обвинението против групата на обвинетиот Радоје Звицер, чии членови се двајца полицајци, за кривични дела – создавање злосторничка организација, злоупотреба на службената положба, шверц на дрога, шверц со цигари и тешкото убиство на Милан Љепоја.