Човек освоил два милиони евра на лотарија. Не сака да ги повлече парите, еве зошто

Маж (50) од областа Штутгарт освоил два милиони евра во лотарија. Тој погодил шест точни бројки. Но, наместо веднаш да ги повлече своите добивки, како што би направиле повеќето луѓе, тој прво го сокрил лото ливчето во плакарот и никому не го кажал, пишува Westfälische Anzeiger.

Неколку дена подоцна, тој ја контактирал Лотаријата и кажал што направил кога дознал за добивката. „Човекот има семејство, татко е, но рече дека прво ќе продолжи со претходниот живот, сака да работи, а потоа мирно ќе размисли што ќе прави со парите“, вели Лотаријата.

Кога мажот ќе ги повлече парите не е познато.