ЧОКОЛАДНА СОВРШЕНОСТ! За оваа торта од само неколку состојки ќе барате парче повеќе! (ВИДЕО)

Малку чоколадо, бисквити, кикирики и уште неколку состојки ќе бидат доволни за да го направите овој десерт.

Многу љубители на чоколадо бараат начин да уживаат во оваа храна без да биде класична сорта купена во продавница.

Овој пат ви носиме рецепт кој ќе ви помогне да направите вистинско чоколадно совршенство.

Се што ви треба е 400мл млеко, 120гр шеќер и рендан портокал. Добро измешајте ги овие состојки, па додадете 40гр какао, повторно измешајте и оставете на шпорет да се стегне. Додадете 150 гр путер и динстајте на тивок оган. Во друг сад издробете 400 гр бисквити и 100 гр сечкани ореви, па измешајте со смесата со какао. Се премачкува на хартија за печење и се прави ролат, па се остава да се излади.

Растопете 80гр млечна чоколада, пропржете 80гр кикирики, па изблендирајте и измешајте со стопената чоколада.

Растопете 50гр бело чоколадо и додадете 10мл растително масло, измешајте, па додајте и кикиритки.

Начинот на украсување погледнете во видеото од почетокот на текстот.

Пријатно.