ЧОЛА ЗЕДЕ 45.000 € ЗА 45 МИНУТИ ПЕЕЊЕ НА СВАДБА! Имал посебни услови, еве што НЕ смееле да прават младенците и гостите (ФОТО)
Здравко Чолиќ минатиот викенд беше специјален гостин на венчавката на син на бизнисмен , која се одржа во еден елитен белградски ресторан.
Познато е дека легендарниот пејач ретко пее на приватни прослави, а како што пренесуваат српските портали младенците за Чола морале да издвојат дури 45.000 евра, за тој со своите хитови да го разубави најубавиот ден во нивниот живот.
Чолиќ пеел вкупно 45 минути, што значи дека за секоја минута од мини-концертот заработил по 1.000 евра. Секако, пејачот имала посебни услови за воопшто да настапи на оваа луксузна прослава.
– Чола може да избере каде ќе настапи. Не се занимава со пеење на приватни забави, но овој пат направи исклучок. Имал одредени услови, кои младенците и нивните семејства ги исполнувале без збор, па се било договорено многу брзо. Меѓу другото, тој побара бината да се подигне од подот за гостите да не му се приближуваат премногу додека пее, да нема нарачка на песни или фотографирање со гостите… Во 45 минути побарал 45.000 евра и веднаш било прифатено бидејќи младенците ја обожаваат неговата музика. Првото оро се одигра заедно со песната „Тебе чувам за крај“. Тој ги испеа некои од своите најголеми хитови, а сите беа воодушевени кога ја изведе песната „Ти си ми у крви“. Веднаш по настапот во придружба на обезбедувањето на ресторанот го напушти локалот – ни изјави извор од местото на настанот.
Покрај него, гостите на свадбата ги забавуваа и фолк пејачките – Виолета Вики Миљковиќ и Радиша Трајковиќ Ѓани , кои атмосферата ја доведоа до својот врв, а за тоа покрај хонорарот беа наградени и со одличен бакшиш, што Чолиќ не го зеде.
Да потсетиме, иако не често настапува на приватни прослави, Здравко Чолиќ неколку пати направи исклучок , па пееше на свадбата на Валентина Лопичиќ и Костадин Терзиќ, синот на Ѕвездан Терзиќ. Пееше и на свадбата на Драгана Џајиќ, ќерката на легендарниот Драган Џајиќ и Милош Ивановиќ, братот на Ана Ивановиќ.
Чола требаше да настапи на свадбата на Ѓордо Ѓоковиќ и Сашка Веселинов, но во последен момент дојде до промена.