Чомбе тргна сам да го бара тој што му го запали БМВ-то: Галетановски нуди три илјади евра за информација за “пироманот’

„За жал некогаш треба да ни се деси лоша работа за да видиме кој е до нас. Фала ви другари за поддршката и за сите пораки и повици и извинете што стварно не беше можно на сите да вратам и кренам. Не ви го заборавам ова и на сите ви должам. Ме знаете добро јас не ги делам другарите ни по вера ни по партија, никогаш не се сменив и нема да се сменам. Помагав и ќе помагам на кој можам без да се фалам така и ќе продолжам. Од денес натаму ќе направам се да дознаам и помогнам органите да спречат криминални дејствија да го зимаат мирот на граѓаните. А ќе се дознае тоа сум сигурен.

Доколку било кој знае веродостојна информација за извршителот или нарачателот нека ме контактира ќе биде награден со 2-3илјади евра.“ – објави Галетановски на својот фејсбук профил.

Да потсетиме, тегетниот автомобил на Галетановски, марка БМВ 520, беше опожарено минатата вечер во 2 часот и 50 минути натутро. Според нашите извори целата операција била многу професионално изведена со палење на сунѓерчиња натопени со бензин и оставени под хаубата и гумите на возилото. Според очевидците станува збор за едно лице кое откако го запалило возилото трчајќи го напуштило местото на палењето.