ЧУДНО! Лекарите мислеле дека девојчето (13) голтнало патент, а потоа се породило во тоалетот на болницата: „Беше преплашена…“

Грчките медиуми јавуваат дека девојчето (13) кое се породило во болничкиот тоалет, иако не знаела дека е бремена, е здраво и физички добро.

Таткото на девојчето во емисијата „Супер Катерина“ изјави дека тој и неговата сопруга ќе го чуваат бебето како свое.

Ќе му бидам и татко и дедо на мојот внук. Одгледав четири деца и ова ќе го одгледувам како свое. Сакам ќерка ми да го продолжи образованието – рече тој.

Тој додаде дека тој и неговата сопруга не знаеле дека таа е бремена.

– Малку се здебели, но стомакот не и’ се гледаше и не размислувавме за тоа – рекол тој.

Како што пренесува емисијата „Вести во живо“ на ТВ Мега, 13-годишното девојче минатата сабота пристигнало во болница со неподносливи стомачни болки во придружба на нејзината мајка. Таму била прегледана од педијатар, кој не сфатил дека девојката е бремена. Откако девојчето направило рендген за лекарите да видат што не е во ред, бидејќи немало радиолог, била прегледана од педијатар и патолог. Тие ѝ рекле дека голтнала патент, што се покажало дека е ‘рбетот на бебето.

Како што пренесува Мега, лекарите на 13-годишното девојче му дале лаксатив. Девојчето продолжило да трпи болки и се породило додека било во тоалет.

– Детето треба да разбере дека нејзиниот живот се менува. Таа е преплашена, но е под надзор на детски психолози. Замислете дете кое вели дека го боли стомакот, а потоа се пораѓа – рекол роднината на 13-годишното девојче.