ЧУДНО СУШТЕСТВО ИЗВЛЕЧЕНО ОД ДЛАБОКИОТ ОКЕАН: Ова суштество досега не е видено, дише преку нозете (ФОТО)
Чудно жолто суштество налик на пајак со четири црни очи и огромни ‘клешти’ било извлечено од длабочините на океанот кај Антарктикот.
Никогаш видено животното е морски пајак, далечен роднина на шилести и пајаковидни членконоги, кој живее на дното на океанот и јаде преку стеблата слични на цевки наместо преку устите и дише низ нозете. Научниците досега откриле повеќе од 1.000 видови морски пајаци ширум светот.
Неодамна откриениот вид, Autropallene halanychi, беше пронајден од дното на океанот во Морето Рос, речиси 570 метри под површината.
И покрај сите чудни карактеристики на различните морски пајаци, овој нов вид има големи штипки кои личат на боксерски ракавици, кои веројатно ги користи за да зграпчи храна како морски ежови и црви, изјави Ендрју Махон, биолог од Универзитетот во Централен Мичиген, за LiveScience.
Студијата е објавена во списанието ZooKey.
A. halanychi има тело долго околу еден сантиметар, но неговите нозе се протегаат речиси три сантиметри. Ова му дава на видот изглед специфичен за многу морски пајаци, иако некои од нив се значително поголеми, до 60 сантиметри.
– Околината на Антарктикот е област што мора да продолжиме да ја истражуваме. Секогаш кога ќе одиме надолу откриваме толку многу нови работи – рече тој.