Без разлика дали сте претерале во теретана или сте се опоравувале од настинка, потребен ви е ефикасен енергетски засилувач. Уморните мускули и воспалението во телото ќе ги реши природен антибиотик – ѓумбир, кој најдобро се меша во вкусен пијалок.
Ѓумбирот е моќен азиски зачин кој го подобрува вкусот и аромата на повеќето јадења. Но, во исто време, тој е полн со хранливи материи – дури го нарекуваат и природен антибиотик – кои го забрзуваат закрепнувањето од настинки и грип, но и ги ублажуваат болките во мускулите предизвикани од вежбање и трчање.
Нутриционистите препорачуваат да се зголеми потрошувачката на овој горчлив корен, а готвачите советуваат да се додаде во маринадите за месо и риба, како зачин во салати и чорби или да се подготви вкусен пијалок од нив.
Состојки за пијалок од ѓумбир:
- 250 ml овесно или кравјо млеко
- 1/2 зрела банана
- 1 лажица рендан свеж ѓумбир
- 1/2 лажичка цимет
- 1 лажица какао
- 1 лажица мед
Подготовка на напиток од ѓумбир:
- Сите состојки се ставаат во блендер и се матат една минута.
- Послужете и испијте веднаш по подготовката.