“ЧУСТВУВАМ ДЕКА РАБОТАТА Е ЗАВРШЕНА…“ – Дали Пеп Гвардиола најави заминување од Манчестер Сити !? 

Манчестер Сити го совлада Флуминенсе со резлутат од 4:0 и за првпат ја освои титулата на Светското клупско првенство. 52-годишниот Пеп Гвардиола по четврти пат го крена трофејот наменет за најдобриот клуб во светот. Шпанскиот тренер претходно победи со Барселона во 2009 и 2011 година и со Баерн Минхен во 2013 година. Сега тој стана првиот тренер со четири титули на Светското клупско првенство, пренесува Bild.

слика
Манчестер Сити

Сепак, неговите зборови по големиот успех ги натераа навивачите на „Граѓаните“ да размислуваат:

Сакам да кажам дека се чувствуваме како да сме затвориле едно поглавје со освојувањето на Светското клупско првенство. Ги освоивме сите титули. Чувствувам дека работата е завршена, дека се е завршено. Многу сум горд на овој клуб! Ова е нешто што ниту еден друг англиски тим го нема постигнато“, изјави Пеп Гвардиола.

Со освојувањето на ова натпреварување, Манчестер Сити комплетираше прекрасни пет трофеи во една сезона – по успехот во Лигата на шампионите, англискиот шампионат, ФА Купот и Суперкупот на Европа.

Во ноември 2022 година, Пеп Гвардиола повторно го продолжи договорот со Манчестер Сити до 2025 година. Веќе во летото The Guardian и другите англиски медиуми објавија дека тренерот ја отфрла можноста да остане таму уште подолго. Во последно време се шпекулира дека Пеп Гвардиола е веќе во својата последна сезона. На пример, Daily Mail објави дека Англиската фудбалска асоцијација го гледа како наследник на тренерот Герет Саутгејт.

Многу навивачи првично не очекуваа дека Шпанецот ќе остане толку долго во Манчестер Сити кога го презеде кормилото во 2016 година. Тој претходно помина четири години во Барселона (2008-2012) и три сезони во Баерн Минхен (2013-2016).