ВИДЕО | Конор Мек Грегор седна до Кристијано Роналдо и го “удави“ со неговите муабети, но една работа го насмеа Португалецот и стана вистински хит на Интернет

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, и познатиот УФЦ борец, Конор Мек Грегор, во живо го следеа боксерскиот спектакл во Ријад – „Day of Reckoning“.

Португалецот и Ирецот седнаа еден до друг, а до нив беше и организаторот Турки Ал Шеик.

Камерите го снимија доаѓањето на Конор Мек Грегор до Кристијано Роналдо и реакцијата на Португалецот, кој не беше претерано воодушевен. Конор Мек Грегор беше многу воодушевен од приказната, додека истото не може да се каже за Кристијано Роналдо.

Конечно, Ирецот го спореди својот часовник со тој на Кристијано Роналдо, што го насмеа легендарниот фудбалер. Видеото од двата гиганти брзо стана вирално на социјалните мрежи, каде реакциите се немилосрдни.