Видеото од колумбиската пејачка Шакира предизвика контроверзии откако беше снимена како турка постара обожавателка.
На социјалните мрежи кружи видео на кое без да се знае контекстот се гледаат неколку луѓе кои ја чекаат пејачката, а таа потоа се обидува да побегне од фановите. Неколку полицајци ја опколиле областа за да обезбедат безбедност, но една постара жена успеала многу да ѝ се доближи до пејачката и да ја сними со мобилниот телефон.
Во тој момент, се чини дека Шакира ја оттурнува, фаќајќи ја за раката, пред да се насмее додека се приближува до некои други обожаватели. Контроверзното видео кое кружи на TikTok стана вирално и предизвика различни реакции.
Некои луѓе ја нарекоа Шакира груба и непријателска поради нејзиното однесување. „Јасно се гледа и изгледа навистина лошо со оглед на тоа што се однесува како дива“, напишал еден корисник. „Ја сакам Шакира, но беше многу погрешно од неа што го направи тоа“, додаде друг.
Додека некои не беа задоволни од однесувањето на Шакира, други застанаа во нејзина одбрана. „Сè уште ја сакаме Шакира, понекогаш работите не се онакви какви што изгледаат“, напишал еден фан. „Престанете да создавате драма, ова не е ништо“, додаде друг.