Шакира си НАЈДЕ НОВ ДЕЧКО! Жешката Колумбијка е видена на јахта на познат спортист, пред неа тој се бакнувал со друга пејачка

Пејачката е во центарот на вниманието на јавноста поради раскинувањето со фудбалерот Жерар Пике, кој ја изневерил.

Огнената Колумбијка објави неколку песни во кои директно го напаѓа бившиот партнер и ги потсетува сите нејзини фанови колку ја повредил со својата прељуба.

Таа сега повторно го привлече целото внимание поради приватниот живот, но сега причината не е нејзиниот поранешен партнер, туку некој за кој се сомневаат дека е нејзиниот нов љубовен интерес.

Шакира, всушност, беше видена како го гледа и навива Луис Хамилтон додека тој се натпреваруваше на Шпанското ГП во Формула 1, а со тоа само дополнително ги подгреа гласините за нивната романса.

Изгледаше како добро да се забавува, но и да ја следи трката со другарките, додека некои коментираа дека нејзината насмевка вели дека е многу заљубена, пренесува британски „Дејли мејл“.

А на социјалните мрежи можеме да видиме голем број на снимки кои сведочат за среќата на Шакира, која не може да ја сокрие.

И покрај поддршката и присуството, Шакира беше сведок на доминантната победа на Макс Верстапен, додека Луис Хамилтон и Џорџ Расел ги зазедоа второто и третото место.

Гледано заедно на јахта

Инаку, веста за романсата меѓу пејачката и спортистот кружи веќе некое време, а се започна кога популарниот Колумбиец и поранешното момче на познатата „кукла“, пејачката Никол Шерцингер, се фотографираа во ресторан, а потоа неколку часа подоцна се качија на јахтата со пријателите и синовите на Шакира, Милан и Саша, кои таа ги има со Пике.

Уживале во јахта вредна 20 милиони долари, а папараците забележале дека таа ја прифатила понудата за помош на Хамилтон додека се обидувала да се качи на јахтата.

Инаку, Шакира пред неколку дена со наследниците се врати во Шпанија и таму ќе помине извесно време.