„ЕВРОПА ГО ИЗБРА ПАТОТ НА ВОЈНА СО НАС“ Лавров грмеше: Русија е решена никогаш повеќе да не ги почитува правилата наметнати од САД

Русија е решена никогаш повеќе да не ги следи правилата наметнати од САД.

Русија е решена никогаш повеќе да не биде управувана според правилата наметнати од Вашингтон , изјави вчера рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

За време на посетата на 201-та руска воена база во Таџикистан, тој изјави дека антируските планови, кои Западот отворено ги објави, нема да се остварат и дека никој во Русија не се сомнева во тоа.

Испораките на авиони Ф-16 во Киев ќе ја зголемат ескалацијата, Западот не разбира дека една од неговите модификации всушност може да носи нуклеарно полнење , рече рускиот министер.

Според него, Западот постојано бара дополнителни области каде што може да отвори втор и трет фронт против Русија .

– Многу политиколози и некои политичари веќе отворено ја кажаа целта за распарчување на Руската Федерација – изјави рускиот министер и додаде дека Централна Азија заедно со Закавказ премолчено е прогласена за еден од таквите фронтови.

Европа го избра патот на војната со Русија, а ако е така, тогаш Руската Федерација мора да ги постигне своите цели , рече шефот на руската дипломатија.

– Нашиот надворешнополитички концепт вели дека Европа го избрала патот на војната со нас. Ние, се разбира, не ни е грижа да живееме со нив рамо до рамо, но ако ова е војна, тогаш мора да ги постигнеме нашите цели. Тие сакаат туѓи, а ние нашите. Никогаш не сакавме туѓо. Сите оние кои ѝ се приклучија на нашата земја уште од времето на Руската империја тоа го направија доброволно –  рече Лавров.

Тој исто така истакна дека Соединетите Американски Држави не се заинтересирани за смирување на ситуацијата во Авганистан и ги поддржуваат терористичките групи ИСИС и Ал Каеда.

– САД активно ја поддржуваат ИСИС што останува во Авганистан, Ал Каеда и другите терористички структури поврзани со нив. Целта е едноставна – да не се дозволи Авганистан да се смири – рече тој и додаде дека во интерес на САД е да продолжат „дестабилизирачките процеси во Авганистан“.

Тој исто така изјави дека Вашингтон не се откажува од идејата за враќање на воената инфраструктура во земјите што граничат со Авганистан.