ШАКИРА ПОДИГА СПОМЕНИК од 6,5 МЕТРИ иако е жива: Колумбијката сака Срцето да и искочи ОД СРЕЌА

Ѕвездениот статус на Шакира го покажува и последната почит на нејзиниот лик и дело што ја доби во родната Колумбија. Бронзената статуа е висока дури шест и пол метри и е поставена во градот Баранкиња. Пејачката на својот Инстаграм со трогателни зборови им се заблагодари на сите кои учествуваа во дизајнирањето и создавањето на статуата, а посебно и се обрати на својата мајка.

„Ова е премногу за моето мало срце“

„Таква почит… Ова е премногу за моето мало срце“, напиша Шакира на социјалните мрежи, пофалувајќи се со фотографија од бронзената статуа што ја добила.

Нејзините родители го посетиле местото каде што се наоѓа статуата, а она што го направило целиот настан уште попосебен е фактот што мајката на Шакира, Нидија, тој ден го прославувала својот роденден.

Среќна сум што можам да го споделам ова со моите родители, а особено со мајка ми на нејзиниот роденден “, додаде пејачката во својата објава на својот Инстаграм профил.

За време на откривањето на статуата, на родителите им се придружи и градоначалникот на Баранкиња, како и браќата и сестрите на Шакира.

Стомачен танц и посвета од стиховите на нејзиниот голем хит

Статуата го прикажува препознатливиот стомачен танц на Шакира во бикини и долго, лилаво здолниште. Пред статуата има и плоча со детали на шпански.

На долниот раб на здолништето има набори кои ги симболизираат брановите на морето и реките. Статуата ја изработи уметникот Вино Маркез со помош на ученици од уметничко училиште.

„Срце што компонира, колкови што не лажат, неспоредлив талент, глас што ги движи масите и боси нозе што чекорат за доброто на детството и хуманоста“, е реченицата што стои на врвот на плочата.

По сето она што ѝ се случи на Шакрија во последните години кога станува збор за љубовните разочарувања, измамата што ја доживеа од Пике , тужбата за даночно затајување и бројните медицински написи, овој подарок сигурно ќе и значи многу повеќе отколку што некој си замислува.