Мајкл Џексон, познат и како крал на поп музиката, остави значаен белег на музичката сцена, а неговата животна приказна е достојна за холивудски филм.
Мајкл има продадено преку 350 милиони албуми ширум светот за време на неговата импресивна кариера, а неговиот албум „Thriller“ без сомнение е најпродаваниот албум на сите времиња. Неговите танцови техники ги воодушевија обожавателите ширум светот, а познатата „мoonwalk“ стана легенда.
На своите настапи тој често носеше црна капа со лента, која неодамна беше продадена на аукција во Париз.
Шеширот е продаден за неверојатни 77.640 евра и беше врв на аукцијата, каде што беа продадени сите 200 предмети поврзани со музика.