Швалерите ги мачат комплекси! Психолозите издвоија 5 карактеристики на неверните мажи (фото)

Несигурните и незадоволни мажи повеќе изневеруваат бидејќи на тој начин го задоволуваат своето его, тврдат психолозите.

Експертите велат дека таа можността создава прељубници, но психотерапевтите веруваат дека секоја жена може да препознае неверен маж.

Американскиот психолог, експерт за брак Сузан Пис издвои пет вообичаени особини со кои може да се откријат прељубниците.

Прочитајте ги овие работи и многу лесно ќе „фатите“ како изневеруваат мажи, пишува Huffington Post.

1. Страв

Никој не сака другите да ,,копаат” во неговите приватни работи. Кога не го пушта телефонот од раце тогаш тој се плаши дека може да му ги проверат неговите тајни преписки.

2. Комплекси

Мажите кои се несигурни, без разлика дали се работи за нивниот изглед, плата или нешто друго, имаат три пати поголеми шанси да изневерат. На тој начин го задоволуваат своето его.

3. Нарцис

Нарцисоидните мажи се повеќе склони кон изневерување затоа што немаат сочувство и ги гледаат жените само како предмети за нивно задоволство.

4. Недостаток на интимност

Едно е ако вашето момче отсекогаш било кул, но ако одеднаш стане таков, тогаш тоа е знак дека тој ,,работел” на страна.

5. Флертување

Едно е да се биде љубезен, друго е кога некој го прави тоа постојано. Ја користи секоја прилика да флертува со други жени без разлика дали сте во негово друштво или не.