Швајцарскиот пионер во користењето на соларна енергија има за цел да ја обиколи Земјата за 9 дена со авион на водород
Бертранд Пикард, швајцарски психијатар и пионер во користењето на соларната енергија, во 2028 година планира деветдневно патување околу светот со авион на водород, јавува Анадолу.
Пикард го објави ова вчера во интервју за швајцарската медиумска компанија Тамедиа.
Шеесет и петгодишниот швајцарски државјанин стана познат во 2016 година кога леташе низ светот во фази со авион на соларна енергија „Солар импулс II“.
Тој исто така беше првиот што при трет обид ја обиколи Земјината топка со балон без престан во 1999 година.
Според Пикард, работата на новиот проект со авионот на водород е во тек веќе три години.
„Изработката на авионот чини околу 45 милиони швајцарски франци (над 51,4 милиони долари) и 15 милиони швајцарски франци (17 милиони долари) за управување со него“, рече тој.
Според Пикард, планираниот лет е и за испраќање политичка порака.
„Доста ми е од сиот песимизам и неактивност во однос на заштитата на животната средина. Сакам да им покажам на сите луѓе кои не ја гледаат иднина дека има надеж и дека можеме да дејствуваме. Најдобар начин да го направиме ова е со спектакуларен проект”, истакна Пикард.
Тој рече дека заштитата на животната средина станува реалност само кога се доживува како економична и возбудлива.
„Иако решенијата постојат, тие не се користат доволно“, рече Пикард за Тамедиа.
Тој вели дека неговата сопруга го советувала да не составува план за планираниот лет, бидејќи во 2028 година ќе наполни 70 години.
„Реков да, но ќе бидам доволно возрасен за да им дадам надеж на постарите“, истакна тој.