ШВЕДСКА ГИ ИСПОЛНИ БАРАЊАТА ЗА ВЛЕЗ ВО НАТО: Стапи на сила нов закон – еве кога се очекува да влезат
Финска стана членка на алијансата во април, но процесот на пристапување беше побавен за Шведска, која се залагаше за приклучување кон алијансата за време на самитот на НАТО на 11-12 јули во Вилнус.
Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави денеска дека Шведска се уште сака да се приклучи на НАТО пред или за време на самитот на Алијансата во Вилнус кон средината на следниот месец, но потврди дека не е сигурен дека тоа ќе се случи во таа временска рамка.
По избувнувањето на руско-украинскиот конфликт, Шведска и Финска се откажаа од децениска воена неутралност, барајќи повисоко ниво на национална безбедност со влез во НАТО, потсетува Ројтерс.
Говорејќи на прес-конференција заедно со британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли во вторникот, Билстром рече дека со воведувањето на новиот закон за тероризам, Шведска ги исполнила последните услови за пристапување во Алијансата договорени во трилатералниот план на Финска, Шведска и Турција.
– Во Шведска неодамна стапи на сила нов закон со кој се криминализира учеството во терористичка организација на кој било начин , без разлика дали таа ја промовира, зајакнува или поддржува. Со ова ги исполнуваме последните делови од нашиот договор – рече Билстром.
Финска стана членка на алијансата во април, но процесот на пристапување беше побавен за Шведска, која се залагаше за приклучување кон алијансата за време на самитот на НАТО во Вилнус од 11 до 12 јули.
Иако Шведска има силна поддршка од другите членки на НАТО, вклучително и САД, Турција и Унгарија досега не беа подготвени да го ратификуваат приемот на нордиската земја.
Турција тврди дека Шведска има членови на организации кои официјална Анкара ги смета за терористички групи и го условува членството на Шведска со екстрадиција на осомничени терористи, иако официјален Стокхолм ги негира овие обвинувања.
Турција, исто така, изрази бес поради антитурските демонстрации што се одржаа во Шведска.
Шведските и турските претставници се сретнаа на високо ниво на 14 јуни во Брисел, во организација на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.