Шведска прва во светот ќе добие електричен автопат, возилата ќе се полнат додека возат

Шведска ќе биде првата во светот која ќе добие електричен автопат, а до 2045 година би можела да има дури 3.000 километри електрични патишта.

Со оглед на тоа што Европската унија минатиот месец одлучи дека сите нови автомобили не смеат да испуштаат јаглерод диоксид (CO2) до 2035 година, нејзините членки се трудат да имаат инфраструктура за патување без фосилни горива.

Електричниот автопат ќе овозможи полнење на батеријата на возилото додека тие се движат по него. Експертите сметаат дека тоа ќе значи подолги патувања за возилата со батерии со помал капацитет. Ова треба да спречи долго чекање на станиците за полнење.

Како што објави Еуроњуз , Шведска е пионер во електрификацијата на патиштата преку неколку проекти, а меѓу овие проекти е и електричен автопат кој треба да ги поврзе логистичките центри меѓу градовите Халсберг и Оребро, кои се наоѓаат помеѓу три големи градови – Стокхолм. Гетеборг и Малме.

Како ќе работи електричниот автопат

Првата делница од електричниот автопат треба да биде изградена до 2025 година, но се уште не е одлучено како ќе овозможи полнење на возилата. Постојат три можности, имено мрежен систем на синџир, индуктивен систем и проводен систем.

Само тешките возила можеа да се полнат со синџирниот мрежен систем. Тоа е систем кој во моментов се користи за напојување на трамваи и тролејбуси. Овој тип на систем за тешки електрични возила е во употреба од 2018 година на патот што го поврзува аеродромот во Стокхолм Арланд и логистичкиот центар во Розерсберг. На патот долг два километри има контактна шина на која е поврзано возилото за да се напојува со електрична енергија.

Индуктивниот систем подразбира дека има специјална опрема под патот што го напојува возилото. Намотката во возилото ја користи оваа струја за полнење на батеријата.

Проводниот систем работи како полнач за паметни телефони. Сепак, наместо полнач, на патот има подлога што овозможува безжично полнење. Во 2020 година, во шведскиот град Визби беше овозможено безжично полнење на електрични автобуси и камиони.

Потенцијални придобивки за приватните автомобили

Истражувањата покажаа дека големината на батериите на автомобилите може да се намали за 70 проценти со електрични патишта. Притоа, беше утврдено дека нема да мора да се електрифицираат сите патишта во Шведска. Се проценува дека би било неопходно да се електрифицираат 25 отсто од патиштата.

Шведска соработува со Германија и Франција во однос на изградбата на електрични патишта што имаат намера да ги градат и Италија, Велика Британија и Соединетите Американски Држави.