Шведски пратеник стана херој во Црна Гора – Баба со внукот во раце скокнала од мост во река: Двомесечното бебе го спаси шведски парламентарец!

Шведскиот парламентарец од Косово, Аднан Дибрани, во понеделникот во Подгорица со помош на работници од Општинското претпријатие Подгорица спаси двомесечно бебе од реката Морача.

Претходно, 62-годишна жена со дете во рацете скокнала во реката.

На помош дошле двајца работници од комуналното претпријатие од Подгорица кои успеале да го извлечат бебето од водата, додека Дибрани го извлекол детето на брегот и успеале да ја извадат водата од белите дробови на бебето и да го вратат во живот.

Итната помош брзо реагирала и го пренела бебето во болница.

Како што се испостави подоцна, бабата на бебето не преживеала.

Дибрани ја напуштил Подгорица малку подоцна со претходно резервиран лет, а црногорскиот министер за внатрешни работи Филип Аџиќ му се заблагодарил за помошта.