Шведски суд: Полицијата немаше основа да ги забрани протестите со најава за палење на Куранот

Во февруари шведската полиција од безбедносни причини одби да издаде дозвола за два обиди за палење на Куранот.

Апелациониот суд на Шведска во понеделникот ја потврди одлуката на понискиот суд, велејќи дека полицијата нема правна основа да блокира два протести во кои беше запалена муслиманската света книга Куран на почетокот на оваа година.

Апелацискиот суд соопшти дека е потврдена одлуката на управниот суд, со што е поништена одлуката на полицијата да прекине два протести на кои демонстрантите планирале да го запалат Куранот.

Во февруари, полицијата одби дозвола за два обиди за палење на Куранот, поради безбедносни причини, откако екстремно десничарскиот дански политичар Расмус Палудан запали копија од Куранот пред турската амбасада во Стокхолм во јануари.

Две лица кои се обидоа да организираат провокативни акции пред ирачката и турската амбасада во Стокхолм поднесоа жалба на одлуката.

Во април, Управниот суд во Стокхолм пресуди дека безбедносните ризици не се доволни за да се ограничи можноста за демонстрации.

Од минатата година, набргу по почетокот на војната во Украина, Шведска бара влез во НАТО.

Сепак, долгогодишната членка на НАТО, Турција се спротивстави поради сопствените безбедносни грижи, вклучително и толеранцијата на Шведска кон терористичките групи кои и се закануваат на Турција, како и провокативните антимуслимански и антитурски акции под изговор на „слобода на изразување“.