ШЕРОН СТОУН ВО ТОПЛЕС ГО СРУШИ ИНТЕРНЕТОТ: Актерката на 67 години изгледа БРУТАЛНО, а тоа што го прави ги воодушеви сите (ФОТО)
Легендарната актерка Шерон Стоун малку што и остави на имагинацијата откако објави фотографија на социјалните мрежи само во долниот дел од нејзиниот костим за капење.
Шерон Стоун позираше пред слика која е во фаза на подготовка, а која е дело на нејзините раце. Таа застана со грб свртена кон камерата.
По успешната филмска кариера, актерката се посвети на уметноста, а веќе ги изложи своите дела.
„Понекогаш само се префрлам од базен на сликање “, напиша таа покрај фотографијата што ја објави, а која објаснува како дошла до тоа да слика топлес.
Актерката деновиве во интервју за „Холивуд репортер“ изјави дека нејзините 18 милиони долари, кои ги акумулирала по повеќе од две децении во филмската индустрија, испариле откако не можела да работи поради мозочен удар што го доживеала.