Познатата пејачка Шер (77) беше фатена во врска со продуцентот Александар Едвардс, само неколку месеци откако јавноста дозна за нивното раскинување.
Парот бил фатен на Беверли Хилс, каде вечерале со пријателите, а по излегувањето од ресторанот се држеле за раце, па јасно е дека љубовта повторно цвета.
И пејачката и нејзиниот четириесет години помлад дечко беа во црно, насмеани и си шепотеа, а тој покажа дека е вистински џентлмен кога и ја отвори вратата од автомобилот и и помогна да влезе внатре.
На прашањето на папараците дали се помириле, продуцентот само се насмеал, пишува Page Six .