Шестмина уапсени во Шпанија за местење фудбалски натпревари

– Шпанската полиција приведе шест лица осомничени дека го наместиле исходот на натпреварот од националниот куп меѓу Хуракан Мелил и Леванте одигран на 2 декември 2021 година, уплаќајќи поголеми суми во обложувалниците на точен резултатот.

Леванте, кој таа сезона настапуваше во Ла Лига, го победи во првото коло од Шпанскиот куп нисколигашот од шпанската енклава на северот на Африка, постигнувајќи по четири голови во двете полувремиња.

Уапсените лица во Мелил, чии идентитет не е соопштен, заработиле 30.00 евра со уплати на поголеми износи во обложувалници и преку интернет.

Полициската истрага отпочнала кога на официјалната адреса на Ла Лига била испратена електронска порака од непознат испраќач.

Полициските инспектори провериле 77 уплати во обложувалниците, од кои една била на износ од 6.000 евра. Исто така, биле регистрирани и голем број уплати преку интернет на точен резултат за победа на Леванте од 8-0 и тоа во интервал од три часа.