Најстарите деца во семејството честопати несвесно ја преземаат лидерската улога. Во многу случаи, првородените деца стануваат одговорни и созреваат многу побрзо и се пример за нивните помали браќа и сестри. Ова се некои од најчестите особини поврзани со најстарите деца во семејството.
Одговорност
Постарите деца често развиваат силно чувство за одговорност на рана возраст, преземајќи важни улоги во семејството и помагајќи да се грижат за помалите браќа и сестри. Првородените понекогаш чувствуваат потреба да бидат пример и да преземат одговорност во различни ситуации, дури и кога тоа не се очекува од нив.
Прилагодливост
Постарите деца често доживуваат транзиции и промени во семејната динамика, како што се доаѓањето на помали деца или промени во семејната рутина. Како резултат на тоа, најстарите деца во семејството стануваат лесно прилагодливи, флексибилни и способни да се справат со многу ситуации.
Независност
Најстарите деца во семејството често се понезависни и посамостојни од нивните браќа и сестри, пишува The Times of India. Причината за тоа е што од мали нозе им била дадена поголема одговорност и поголеми очекувања. Ги прифаќаат предизвиците, подготвени се да донесуваат одлуки и да ги преземат можностите што им се нудат.
Грижа
Растејќи како најстаро дете во семејството, тие често развиваат грижлива страна кон нивните браќа и сестри. Најстарите деца во семејството често може да се гледаат како заштитници на помладите од нив и да се трудат да се грижат за нивната благосостојба и безбедност додека се во присуство на своето семејство и најблиските.
Имаат лидерски квалитети
Сосема природно е постарите деца да преземаат лидерство и иницијатива. За нив, преземањето на улогата на лидер е најнормална работа, а подоцна во животот тие ќе бидат оние кои организираат активности, смируваат конфликти и се грижат за семејните работи.