Шест милиони луѓе не можат да дојдат при себе: Целата кујна им ја покри со чоколаден крем, а глетката на родителите им создаде главоболка (ВИДЕО)

Видеото на TikTok кое прикажува кујна целосно покриена со чоколаден крем стана вирално на социјалните мрежи. Го погледнале околу шест милиони луѓе и буквално сите се шокирани од глетката.

Тиктокерот кој на оваа социјална мрежа го носи името „kaihspeakup“ вели дека решил да ја прекрие целата кујна на своите родители со чоколаден крем, а видеото брзо заврши во светските медиуми.

На видеото сè беше прекриено со крем, а оштетени се дури и кујнски апарати. Тиктокер откри дека ставил фолија под кремот.

Не е потврдено колку тегли се потребни за да се премачка речиси целата просторија и сите делови од кујната, но можеше да се видат натрупани во мијалникот.

Видеото налути многу корисници на TikTok, иако имаше и такви на кои глетката им се допадна.