Шефот на армијата на важен сојузник на Путин: „Русија паѓа, а ние ќе бидеме лидер на глобалниот југ!“
Началникот на индискиот одбранбен штаб, генерал Анил Чаухан, неодамна на предавање организирано од Здружението на воздухопловните сили во Бенгалуру рече дека „бунтот на платениците на Вагнер против владата на претседателот Владимир Путин ја покажа сета внатрешна слабост на Русија“, што предизвика бројни реакции во индиските медиуми.
Да потсетиме дека од почетокот на инвазијата на Украина, таа земја ги зголеми трговските врски со Русија, а имајќи предвид дека Индија е еден од клучните сојузници на Путин, малкумина очекуваа Чаухан да изјави дека „руското нуклеарно оружје не е доволно и нема да може да го спречи падот на неговото влијание на глобалната сцена“.
Додека Западот и’ воведе санкции поради инвазијата на Украина, Москва на земјите што ги смета за „пријателски“, како што е Индија, им понуди поволни трговски услови за извоз на нејзината стока, особено енергија.
,,Светот се менува и моментално е во транзиција помеѓу два реда. Иако е голема нуклеарна сила, геополитичката важност на Русија во наредните времиња ќе биде сè послаба и послаба. Бунтот Вагнер на кој бевме сведоци во јуни дефинитивно укажува на внатрешна слабост“, генералот Чаухан рече и продолжи:
„Кина во моментов зазема важно место во геоекономскиот светски поредок, а во иднина ќе го видиме уште порешителен. Ќе има приближување на интересите меѓу Москва и Пекинг во кое Северна Кореја и Иран би можеле да се приклучат на помоќните, а Индија од сето ова ќе излезе како глобален лидер на југ“.
Индискиот воен аналитичар Правин Сони го обвини Чаухан за „ширење американска пропаганда“.
На X, тој напиша дека Русија има „огромни вселенски способности и исклучителен одбранбен индустриски комплекс“.
Индискиот весник The Wire објави дека ставовите на Чаухан за слабеењето на статусот и влијанието на моќта на Русија „преовладуваат во домашните воени кругови“.
,,Њузвик“ побара коментар до индиското и руското министерство за надворешни работи, но сè уште нема одговор.