Шефот на британската дипломатија Џејмс Клеверли пристигна во Израел, соопшти владата во Лондон.
– Секретарот за надворешни работи пристигна денеска во Израел за да ја покаже непоколебливата солидарност на Велика Британија со израелскиот народ по терористичките напади на Хамас, рече портпарол на британската влада.
Клеверли ќе се сретне со преживеаните од нападите и со високи израелски лидери за да ја покаже поддршката на Обединетото Кралство за правото на Израел да се брани.