Освојувањето на Лигата на шампионите не е лесно. Постои љубовна приказна помеѓу нашиот клуб и натпреварувањето која сите ја знаат. Играчите се мотивирани, растат… Достојни сме освојувачи на 15-та титула на турнирот, изјави шефот на Реал Мадрид, Флорентино Перез по победата од 2:0 против Борусија Дортмунд.
-Сите се појавија да помогнат. Некогаш Винисиус дава гол, некогаш Хоселу… Битен е тимот. Овој тим е семејство, затоа има толку голем успех. Никој не сака да биде во главна улога да ја руши атмосферата во соблекувалната, изјави Перез.
Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите по рекорден 15-ти пат на турнирот. Второто место по бројот на трофеи го зазема Милан (7 победи), третото го делат Баерн и Ливерпул (по 6).