Радмила Шеќеринска официјално ја презеде функцијата заменик генерален секретар на НАТО. Шекеринска има долгогодишно искуство во креирање политики и градење консензус. Таа е позната и по нејзината посветеност на родовата рамнотежа и унапредување на трансатлантските односи.
Шекеринска во новата улога во НАТО ќе има можност да влијае на глобалните политики и стратешките одлуки на Алијансата.
Таа ќе има неколкукратно поголема плата од македонските функционери, со оглед на тоа што генералниот секретар на НАТО добива над 200 илјади евра годишно.
„Она што можам да го видам, денес е важната средба, прва со генералниот секретар г. Руте и неговата заменичка Шеќеринска, таа доаѓа од регионот на Западен Балкан и многу сум среќна што гледам дека Северна Македонија како важен сојузник ја зазеде оваа позиција, не само од гледна точка на рамнотежа на половите, туку и моќен сојузник“, рече Тања Фајон од МНР на Словенија.