Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов распиша избори за нов градоначалник на Скопје во мај и бара оставка од Данела Арсовка.
Шилегов преку својот Фејсбук профил вели дека Скопје е во процес на целосно уништување.
„Драга Арсовска оди си. Поднесете ја вашата оставка. Доблесно е да си признаете дека сте целосно неспособни и неподобни да го водите градот. И само ти се случи. Непланирано. (Без визија и план кој би функционирал. Со сите мои и наши грешки (партиски, политички и граѓански) кои придонесоа за тоа).
Во мај, секако, имаме избори во Македонија. Нека има избори и во Скопје. За малку достоинство кое секој од нас треба да го има. И поради Градот (не толку убав од неодамна) во кој сите живееме“, вели Шилегов.