ДОБРА вест за љубителите на познатите модели на Škoda.
Како што е познато, и покрај “електрификацијата”, Škoda во својот производствен план го задржа моделот Superb, кој ќе се нуди во два каросериски стила. Доаѓа на есен, а Škoda ја откри силуетата на моделот и го најави како „топ модел на палетата ICE“.
Како што е познато, ќе бидат понудени и двете каросериски верзии, седан и караван, а вториот ќе може да застане покрај трендовските кросовери со своите можности и удобност. Новиот Superb ќе се произведува во фабриката во Братислава, заедно со новиот Passat.
Во игра останува и Kodiaq. Големиот семеен теренец веќе во првата генерација собра многу симпатии кај корисниците и веројатно така ќе продолжи. Моделот визуелно ќе биде поблизок до дизајнот на електричниот Enyaq iV, а голема е веројатноста да добие и целосно нов ентериер.
И двата новиетети имаат некои врски. И двата ја користат подобрената MQB платформа, а покрај конвенционалните мотори, вклучувајќи дизели, ќе се нудат и хибриди, па дури и plug-in хибриди.
Пристигнувањето на новите модели го коментираше и првиот човек на Škoda, Клаус Зелмер, велејќи дека Superb е „топ модел од палетата ICE кој ќе продолжи да нуди стандард во однос на удобноста и просторноста“, додека тој рече за Kodiaq дека во однос на „безбедноста, технологијата и практичноста, достигнува ново ниво“.