Шкријељ: 3,2 милиони евра поддршка за граѓаните за справување со енергетската криза, грижата за сите продолжува
СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи продолжува да се грижи за стандардот на сите граѓани, преку мерки за помош при справување со последиците од енергетската криза.
За таа цел, во Буџетот на Министерството за економија обезбедени се 200 милиони денари, односно околу 3,2 милиони евра.
Продолжува финансиската поддршка за домаќинствата за субвенционирање на сметките за електрична енергија на најранливите категории на граѓани, за што предвидени се 60 милиони денари или околу еден милион евра.
Со оваа мерка, од 600 до 800 денари месечно ќе се субвенционираат сметките за струја на домаќинствата со ниски примања.
Јавниот повик е веќе објавен на официјалната страница на Министерството и сите кои ги исполнуваат условите, може да аплицираат до крајот на месец февруари.
Минатата година преку оваа мерка беа субвенционирани 4.379 домаќинства и исплатени се вкупно 33 милиони денари. Оваа година, мерката е проширена со други социјално ранливи категории на лица како што се корисници на правото на надоместок заради попреченост, самохрани родители кои не се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош и корисници на право на надомест за телесно оштетување.
Оваа година продолжува и финансиската поддршка за домаќинствата за фотонапонски панели, сончеви термални колекторски системи, како и замена на ПВЦ или алуминиумски прозорци.
Со ваквите инвестиции во обновливи извори се овозможува граѓаните да ги задоволат потребите за струја, но и да имаат заштеда во време на криза.
За овие три мерки се предвидени вкупно 70 милиони денари или 1,15 милиони евра.
Почитувани,
Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерките и политиките кои обезбедуваат поддршка и подобар животен стандард граѓаните.
Грижата за сите продолжува.
Прес-конференција, Санела Шкријељ, пратеничка