Шокантен пресврт на настаните, потврди Кремљ: Путин и Пригожин се сретнале три дена по пучот! Тие разговараа три часа
По објавувањето на Либерасион за средбата во Кремљ, пристигнуваат нови информации, поточно потврда од Москва за средбата меѓу рускиот лидер Владимир Путин и шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, која се случила по неуспешниот бунт и обид за државен удар на 24 јуни во режија на Пригожин.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, тврди дека Пригожин и Путин се сретнале на 29 јуни.
Средбата траеше три часа и на неа присуствуваа 35 лица. Двајца од командантите на Вагнер му рекле на Путин дека ќе продолжат да се борат за него, тврди Песков.
– Путин на средбата ги покани сите команданти на Вагнер и раководството на приватната армија, вклучително и самиот Пригожин, рече Песков.
Портпаролот на Кремљ кратко го информираше печатот за средбата.
-Единствено што можеме да кажеме е дека претседателот ги оцени постапките на Вагнер на фронтот, а даде и своја оценка за настаните од 24 јуни. Путин ги слушаше и понуди различни можности за вработување, рече Песков.
Пригожин требаше да замине во Белорусија, според условите од договорот со Кремљ, но претседателот Александар Лукашенко минатата недела изјави дека шефот на Вагнер се вратил во Русија.