ШОКАНТНА ИСПОВЕД НА ЕМИР КУСТУРИЦА: Гледав како Марадона оди ОД КОКАИН НА АЛКОХОЛ и пие до смрт (ВИДЕО)

Српскиот режисер Емир Кустурица потсети на ликот и делата на Диего Марадона, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Кустурица беше гостин во емисијата „Спортлајт“, а дел од емисијата беше посветена на Аргентинецот за кого сними филм.

Тој беше стопроцентна синтеза на успешен човек од сиромашно соседство, кој ја претвори таа своја должина на нозете и таа пропорција во еден вид Харлем. И што се случи? Потоа се случи истоото како со сите актери, штом не се на сцена, или пијат или се уништуваат и дрогираат затоа што постигнуваат се што им е на дофат, стануваат познати. Живееше во таа слава. Меѓутоа, во таа слава не го издржа практично она што на некој начин е природно. Тој веќе ги постигна сите голови. Но, одеднаш почувствувал дека публиката му е дел од крвотокот, па се свртел кон неа плачејќи, бидејќи земал многу дрога, па на стадион пред 100.000 луѓе признал дека е лош човек, дека тој се кае…“ рече Кустурица и продолжи:

„Мислам дека најголемиот дел од лудилото е, пред сè, неговиот изглед. Кога би создале „јавна личност“ од минатиот век, тој, заедно со Мерлин Монро, би бил првиот украс на ослободување на еден вид енергија. Но, мислам дека оваа тенденција да се покаже и да не успее – дека луѓето го засакаа. И тогаш тој падна во таа фаза на чистење каде што поминував по две години со него секој месец и го гледав постепено да се префрла од кокаин на алкохол. Влегува во фазата во која доаѓа последниот чин од неговиот живот, како пие, пие и како реконвалесцент се појавува на црвениот тепих“.

“Ми ги даде сите негови интимни материјали, кои ги вградив во филмот. Ме сакаше како брат. Беше тешко да се работи со него. Колку што беше недофатлив на теренот, таков е тој и во животот. Доаѓате во кафеана кај што тој оди, а тој заминува на другата страна со некоја ку*ва…“.