ШОКАНТНА ИСПОВЕД! Снаа влегла во спалната соба а кога ја видела што прави свекрвата таму останала без зборови: “Му кажав се на маж ми, започна вистинска драма, не спиев со денови…“
Кога сте во долга и хармонична врска со некого, природно е родителите наскоро да очекуваат внуци. Но, некои луѓе забораваат дека одлуката за децата зависи само од брачната двојка. Една нетрпелива мајка очигледно не ја сфатила поентата, па решила да ги преземе работите во свои раце кога слушнала дека нејзиниот син и неговата сопруга не сакаат да имаат деца.
Една шокирана снаа сподели неверојатна приказна на социјалната мрежа Редит (Reddit). Таа објаснува дека таа и нејзиниот сопруг биле во доцните 20-ти години и дека заеднички одлучиле да немаат деца. Таа вели дека некои луѓе од околината ги прогласиле за себични, но најлоша реакција имала нејзината свекрва, која наводно започнала да прави „магии“ и кукала дека ќе им згасне лозата и презимето.
И покрај се, младиот пар останал на својата одлука, надевајќи се дека таа на крајот ќе ја прифати. Но, таа не можела да го прифати тоа – а потоа направила нешто сосема лудо и неприфатливо. Откако се понудила да им зготви вечера на синот и на снаата, жената го испратила синот да купи одредени состојки. Во тоа време снаата се вратила од работа и сфатила дека нејзиниот сопруг не е дома.
Се качила горе да се пресоблече, а она што го нашла ѝ го превртел светот. Имено, таа ја затекнала својата свекрва во нивната спална соба како ги пробива кондомите кои стоеле во шкафот.
„Почна да мрмори нешто во смисла дека само се обидува да го спаси семејството, а потоа излезе од дома пред да можам да кажам нешто“, напишала нервозната снаа.
Кога нејзиниот сопруг се вратил дома, таа му кажала се, а тој, како што вели, се згрозил од потегот на мајка му. Работата да биде уште полоша, сопружниците сфатиле дека свекрвата и претходно доаѓала дома, па се плашеле дека и тогаш им ја манипулирала контрацепцијата.
Читателите ја препознале сериозноста на ситуацијата и ја советувале младата двојка да го пријави случајот во полиција. Некои и кажале да престане со секаков контакт со свекрвата бидејќи нејзиниот чин бил голема навреда. Корисниците на социјалната мрежа предложиле да се проверат сите други кондоми и да се направи тест за бременост само во случај штетата да е веќе направена.
И секако, жената набрзо дознала дека е бремена, за што ги известила луѓето преку социјалните мрежи и признала дека нема поим што да прави.
„Од нервоза не спиев четири дена. Жал ми е што не ве информирав порано, но бев во прилично лоша состојба“, напишала таа.